Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе се реконструира за првпат откако е изграден. Надлежните велат инвестицијата во воздушниот сообраќај е за поголема конкурентност на Охридскиот аеродром на меѓународната мапа.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вчеравечер ги соопшти деталите за аеродромот во Охрид кој ќе добие целосно нов лик. Комплексот ќе создаде нова слика за странските туристи за Охрид и Македонија во целост.

Како што потенцираше вицепремиерот, ТАВ имаат обврска да инвестираат 15 милиони евра согласно Договорот за концесија. Изборот бил реконструкција на охридскиот аеродром за да се доближи на ниво на скопскиот аеродром, а идејата за реконструкција на Воената болница е да се направи здравствен комплекс каде ќе се овозможат високо квалитетни услуги за пациентите од цела држава.

ТАВ ќе бира изведувачи, проектанти и тие ќе плаќаат. И тоа е предвидено со Договорот за концесија за кои тие имаат фискални обврски кон државата. Скопскиот аеродром е реконструиран и даде нов импулс во патничкиот сообраќај, а за охридскиот за жал тоа не се направи. Во услови кон имаме 9 нови авионски линии кои ги донесовме за неколку месеци и во услови за променет начин на субвенционирање и во услови кога најавивме 35 илјади туристи надвор од сезона, мора да имаме модерен аеродром. Фер е да посветиме внимание и на охридскиот секако во помал обем. Ова е прва реконструкција после изградбата од времето на Тито.

Детално може да прочитате во продолжение:

Николоски: Модернизацијата на охридскиот аеродром и реконструкцијата на Воената болница ќе ја финансира ТАВ како обврска кон државата од Договорот за концесија

Ова е прва реконструкција за Охридскиот аеродром од 1953 година. Последен пат е обновен кога нашата држава била во Југославија. Граджените работи се очекува да завршат пред почетокот на идната туристичка сезона.

Поголем развој на туризмот. Модернизација на аеродромот ќе значи многу за развојот на туризмот и авиосообраќајот. Ќе се прошират капацитетите и ќе се подобрат условите за патниците и вработените

2,7 евра вреден проект целосна реконтструкција на терминалната зграда, ќе се гради и нова административна зграда.

Аеродромот е првата слика за Охрид, вака охриѓани го поздравуваат проектот на Владата.

Се очекува да се зголеми бројката на авио летови до Охрид. Засега, најавено е на 27 март да започне нова авиолинија од Охрид до Истанбул.