Од Владата потенцираат:

-Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат

Ахмети во интервју за ТВ Клан, како што пренесоа дел од медиумите, вели дека „се разговарало и за химната и за грбот и за знамето, како и дека овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците“.