Навивачите ќе почекаат за повторно да влезат во спортските сали и на стадионите, владата на денешната седнца не ја донесе одлуката која ја најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој синоќа рече дека во сетот на мерки за олабавување на рестрикциите е и одлука за присуство на публика на спортски натпревари. Сепак таа одлука ќе почека некои други времиња.

-Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика, стои во соопштението на Владата.