Додека се чека одлуката на Уставен суд, Владата ги продолжува активностите со Бехтел и Енка. Денеска имало две средби со претставници на конзорциумот. Една со премиерот и членови на Владата, друга со првиот вицепремиер и министрите од ДУИ.

По средбата со Заев, владината прес служба соопшти дека додека стигне мислењето на Уставен суд, во интерес на времето има одредби од меморандумот на кои може да се работи.

Од кабинетот на првиот вицепремиер се подиректни, велат Коридорот 8 станува реалност.

Собранието летоска даде поддршка на меморандумот кој и овозможува на Владата без тендер, со директно преговарање, да му овозможи на конзорциоумот Бехтел и Енка да гради два автопати по должината на Коридорот 8 и автопат меѓу Прилеп и Битола.

Против одлуката на пратениците се и синдикатите и невладините и антикорупциската комисија. Од таму и го оспорија законот пред Уставен суд. Кога судот ќе одлучува не се знае.