Разрешување на раководството на Македонска навигација или затворање на македонското небо за авиосообраќај. Денеска владата одлучуваше меѓу овие две опции. На крајот, епилогот е Илир Мемеди и Милан Кораќ нови директори во М-НАВ.
Владата упати препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски од актуелните позиции, додека се иззема од одговорност членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари. На денешната седница не се разговараше за негово разрешување.
Откако од раководната позиција е тргнат Фахрудин Хамиди, најавениот штрајк на контролорите на летање кој требаше да започне утре засега е ставен во мирување.
Претходно, денешниот ден беше опишан како „Денот Д“. Процесот на расчистување на случајот дополнително се усложни со приведување на лицата и изрекување мерки на претпазливост наместо притвор, по што обвинителството поднесе жалба до Кривичен суд. Најекспониран во целиот овој проблем беше Тасевски, чија изјава може да ја погледнете во продолжение:
Тасевски: Упадот во Контролата за летање не е влегување во продавница, тоа е рамно на тероризам
Овој случај допрва треба да се истражува, а за ова реагираше и делегацијата на ЕУ која очекува државните власти да ги истражат наводите за кронизам во вработувања во М-НАВ.