Владата конечно пресече за скандалот во М-НАВ. По низата контроверзии за ова се огласи и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој уапти сомнежи за вмешаност на владината коалиција во воздушниот сообраќај, а како потврда за тоа обелодени дека нема прес-конференција, ниту пак изјава за, како што вели, најопасниот безбедносен скандал на деценијата.

Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:

Колку се заглавени и вмешани во загрозување на воздушниот сообраќај кажува и фактот што денеска нема прес, ниту изјава од Влада за најопасниот безбедносен скандал на деценијата.

Се сокрија Ковачевски и Бочварски, па со тивки јавувања шират за “смената” во М -НАВ по упадот на партиските банди да тепаат во Контролната кула за летање.

Сега веројатно секому е појасно што се случувало и се случува во државата.

Пораката од лажните европјани, Ковачевски, Груби, Османи, Спасовски, Петровска, Грковска е гласна:
Наместо да има јасна акција, лисици, ред и командна одговорност, следните четири месеци ниедна институција не е безбедна и може да е цел на недопирливите партиски орди на ДУИ и на СДС.

Одговорност мора да има и ќе има.
Сериозна истрага, сериозно судење, сериозно застанување на патот на криминалот на партиските банди, пишува Стоилковски.