Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини. Очекуваме овој демант да го објават сите медиуми кои ги објавија лажните вести изнесени од страна на Таравари на телевизија „Сител“.