Јаков Милатовиќ верува дека во недела ќе стане првиот претседател на Црна Гора кој не е од Демократската партија на социјалистите.
Претседателскиот кандидат на вонпарламентарното движење Европа сега и најголемото изненадување од првиот круг на изборите, Јаков Милатовиќ, смета дека в недела ќе стане првиот претседател на Црна Гора кој не е од Демократската партија на социјалистите. Аналитичарите сметаат дека има реални шанси за тоа, бидејќи претставниците на сите владејачки партии ги повикаа своите гласачи да гласаат за Милатовиќ во вториот круг, пренесува Aljazeera Balkans.