Тој истакнал дека се чуствува добро и дека очекува наскоро да излезе од болница, а таму бил веќе 20ти ден.
Апелира до верниците за сериозноста на вирусот, а за Владиката Агатангел вели дека според информациите кои ги имал и тој се чуствувал добро.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, посочи дека вирусот не ги поштедил ни верските храмови, имало и свештеници кои биле заразени и апелира што поскоро да започне вакцинацијата и кај овие лица.