Власта е во паника. СДС е симбол за криминал, корупција, нечесност и национални предавства, а за да ја сокрие својата неспособност и да обезбеди подобар изборен резултат во последниот период се обидуваат дополнително да ја поделат опозицијата.
Во времиња кога Македонија се наоѓа на крстосница и треба да се справи со сериозни предизвици, власта наместо фокусот да го стави таму се решава да направи нови конфликти и несогласувања и тоа во редовите на опозицијата. Власта предводена од СДС и ДУИ не бира методи, па така преку нивните играчи сакаат да направат се за да поминат уставните измени.
Конкретно, станува збор за план кој е изработен од оние кои за брзо ќе бидат поразени, тоа се оние кои ги изгласаат промените на Кривичниот законик. Овде опфатени се луѓе се од претседателот на држвата Пендаровски, па до структури на ДУИ, СДС, но и поранешни активисти на останати партии. Властите наоѓаат жртви во опозициското ткиво кои решааваат да се стават на услуга на власта за личен бенефит. Бенефит за да ги спаси од одговорноста која ги чека откако ќе доживеат жежок пораз на следните избори.
На народот веќе му е јасно кој работи за Македонија. Народот јавно разликува кој е за македонската кауза, а такви се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои моментално имаат целосно единство. На оваа тема разговаравме утрово на нашето радио и со пратеникот Тони Јаревски.
„ВМРО е поголемо од сите нас. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ има цврста недвосмислена поддршка од целото членство. Се обврзавме дека ќе ги штитиме интересите на Македонија“, вели утрово на Радио Лидер пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Многу е чудно како сега наеднаш се активираа истите структури кои направија да се случи Преспанскиот договор. Власта е спремна да оди до тој степен што го активира и Никола Груевски од Унгарија.
За да издејствува уставни измени, владата на СДС ДУИ има план, да му вети кривична неказнивост на Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, уставните измени да поминат во Парламентот. Тој план е разговаран на највисоко ниво од страна на власта и а тоа се должи нејзиниот оптимизам и на оската СДСМ ДУИ Груевски.
Она што е кристално јасно е дека за разлика од пред неколку години кога имаше 80 пратеници за промена на името, сега е различно и во ВМРО-ДПМНЕ владее единство. Овие пратеници се лојални на Македонија. Овие пратеници се лојални на македонскиот народ и не се како поединците кои тргуваат за својот интерес. Уставни измени преку изигрување на волјата на народот нема да се случат. Бугарскиот диктат нема да помине.