Жените биле, се и ќе бидат еден од носечките столбови на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја функција има почеток и крај. Се е менливо и минливо, само ВМРО е вечно, посочува Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е сложно и обединето со цврст и јасен став за промени во Македонија кој ќе донесат подобро утре за нашиот народ.

Партијата помина години на тешка опозиција. Години во кои недолжни луѓе поминуваат во затвор.

Денес партијата е на вистинскиот пат со силна поддршка од македонскиот народ со над 40 градоначалници и најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија.

Повикувам на единство, обединување и поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целото раководство на партијата“ – истакна Пешевска.