Едната патарина се гради кај Преод, а другата кај Кадрифаково, а двете треба да бидат готови до октомври годинава.
Патарината кај Преод ќе ги чини граѓаните 70 денари во правец, додека другата кај Кадрифаково 50 денари во правец, или заедно со патарината кај Миладиновци која чини 40 денари граѓаните ќе плаќаат 320 денари во двата правци.
Инаку автопатот Миладиновци Штип е долг 70 километри и беше изграден повеќе од половина во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.