Вознемирувачки инцидент бил пријавен во СВР Скопје, откако 12-годишно дете било влечено по улица со мотор во скопската населба Драчево. Случајот го пријавил неговиот дедо, 71-годишниот Б.С. од Скопје.

Според пријавата, инцидентот се случил на 25 мај околу 14 часот, додека детето се движело по улица во Драчево. До него се приближил мотор управуван од едно лице, а како сопатник бил 18-годишниот А.Х. од Скопје, кого детето го познавало.

Според информациите од МВР, во еден момент А.Х. го фатил детето за рака, по што моторот продолжил да се движи. Детето паднало и било влечено по улицата.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите на детето, ниту дали против инволвираните лица ќе бидат поднесени пријави.