Две жени вчера физички се пресметале на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти полицијата.

Според информациите од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен на 24 мај околу 16:20 часот, а настанал по претходна расправија.

„На подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Л. (50) и М.К. (18), двете од Скопје“, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.