Над 450.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Љупчо Николовски дели милиони на фирмите на Заеви, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Љупчо Николовски и СДСМ работат на штета на земјоделците. Николовски преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дал 1.4 милиони евра на „Тргопродукт“, фирма на својот довчерашен шеф Зоран Заев. Во услови кога граѓаните едвај сврзуваат крај со крај, земјоделците мака мачат за да го продадат својот род по ниски цени, Николовски дава 1.4 милиони евра државни пари на фирмите на Заеви. Граѓаните се соочуваат со двоцифрена инфлација, државата економски тоне, владата дополнително се задолжува за сопствени хирови, цените на прехранбените производи секојдневно растат, а Николовски води грижа единствено за растот на богатството на Зоран Заев. За ова ли Николовски остана во владата на Ковачевски, да може да дели милиони на фирмите на Заев, велат од партијата.
Од таму додаваат дека сасно е дека со владата и понатаму управува Зоран Заев, а Ковачевски е само нем послушник на Заев кој само ја до осиромашува државата и ги краде граѓаните.
-Заев веднаш да ги врати 1.4 милиони евра, а Николовски конечно да почне да работи во интерес на земјоделците, а не во интерес на Заеви, бидејќи државата не е негова сопственост за да се однесува недомаќински и да дели милиони. За овој скандал мора и ќе има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ апелира за разум и побрзо прифаќање на предлогот за договор за датум на одржување на предвремени парламентарни избори, се со цел решавање на проблемите на граѓаните и излегување од кризите кои ги предизвика владата на СДСМ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.