ВМРО-ДПМНЕ Албанија и официјално преку судот е регистрирана во Република Албанија. Ваквата вест преку социјалните мрежи ја соопшти претседателката на ВМРО-ДПМНЕ за Република Албанија, Елена Симоновски, а како што пишува и самата во својата објава, целта е да се обединат сите Македонци во Република Албанија
ВМРО-ДПМНЕ Албанија и офицјално преку судот е регистрирана во Република Албанија. Ваквата вест преку социјалните мрежи ја соопшти претседателката на ВМРО-ДПМНЕ за Република Албанија, Елена Симоновски, а како што пишува и самата во својата објава, целта е да се обединат сите Македонци во Република Албанија
Драги пријатели, со голема радост сакам да ви соопштам една прекрасна вест!
ВМРО-ДПМНЕ, Албанија официјално е регистрирана во Судот на Република Албанија!
Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Организацијата се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Стигна времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ, Албанија – е дом за сите кои ја носат Македонија во своето срце. Заедно сме посилни, заедно сме Македонија!
Со искрена благодарност и почит, пишува во својата објава претседателката на ВМРО-ДПМНЕ за Република Албанија Елена Симонофски.