СДС и Филипче повторно шират паника, бидејќи немаат што друго да понудат како партија. Откако не им поминаа приказните за мигрантите, водата и пензиите, сега се обидуваат да внесат страв и недоверба во банкарскиот систем. СДС и Филипче единствено што нудат е евтина политичка хистерија и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата политичка матрица, секоја тема да ја претворат во причина за страв, несигурност и паника кај граѓаните. СДС повторно пласира сомнежи и инсинуации, обидувајќи се да ја наруши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем. Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка. Банкарскиот сектор не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации. Доста со фабрикување кризи за ситни политички поени, посочуваат од владејачката партија.

Довербата на граѓаните, сигурноста на нивните депозити и стабилноста на финансискиот систем се прашања од највисок јавен интерес и бараат сериозност, одговорност и институционален пристап.

-Народната банка и надлежните институции се тие што имаат обврска да ја следат состојбата и да преземаат соодветни мерки за заштита на финансиската стабилност и интересите на граѓаните. СДС и Филипче да не се обидуваат да создадат вештачки криза. Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ на власт плати и пензии ќе има а банки нема да пропаѓаат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.