Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ – бараат од ВМРО-ДПМНЕ.