Од партијата велат:
-Патем и помошта која пристига од Србија, Словенија, Австрија и Бугари нема кој соодветно да ја координира. Буквално поминуваат по 1000 километри за да помогнат, а одговорните од Македонија ги нема нигде. Дополнително самите во СДСМ велат дека станува збор за катастрофа од големи размери со огромни штети, а врвот на власт никаде го нема. Народот е оставен сам да се снаоѓа, да се спасува и да ги гаси пожарите додека Заев, Шилегов, Спасовски, Николовски и останатите тераат одмор
Посочуваат дека затоа е бесрамно СДСМ да бара од граѓаните и партиите одговорност, кога тие се неодговорни.
-Дозволија стихиите да се прошират, навремено не интервенираа надлежните, немаат сервисирано авиони за гаснење пожар во пресрет на ризичниот период за пожари, а капак на се заминаа на одмор и го оставија народот сам. Веќе никој не бара одговори од СДСМ и Заев. Народот бара одговорност, истакнуваат од партијата.