Повторно црн рекорд во Македонија. Во последното деноноќие статистиката на министерството за здравство вели дека се починати 39 лица, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
-Станува збор за 39 семејства завиени во црно. Неспособноста на Филипче и Заев чини животи!Филипче ќе остане запаметен како гробар на граѓаните. Филипче прогнозираше дека ќе има околу две илјади заболени, а сега има скоро 4.600 починати лица од корона. Ова е резултат на неспособноста да се организира здравствениот систем. Ова е резултат на неспособноста да се набават навреме и доволно вакцини. Филипче не само што треба да замине, Филипче ќе одговара, се вели во соопштението.