Вели дека епидемиолошката крива оди надолу, а бројот на нови случаи последниве денови опаѓа.

-Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна. Апелирам на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои, напиша Филипче.