Финансиерот на фашистичките клубови, главен гостин кај СДС во влада. Милен Врабевски, за кој медиумите пишуваат дека е главен финансиер на фашистичките клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис беше главен гостин во владата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека луѓе околу Заев се луѓето кои ги отвораат фашистичките клубови, тоа и самиот Заев го има кажано јавно на бугарска телевизија.
-Дали СДС ќе се огради од Заев, зошто ако не се оградат, тие се само продолжување на неговата политика, која гледаме дека верно ја следат.СДС на дезертер от Ковачевски практично овозможи да се отворат фашистички клубови, и не презема ништо да го спречи нивното отворање, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ преку законски измени ќе делува да се променат имињата на клубовите, и да не може клубови со фашистички имиња да се отвораат во иднина.