СДСМ и ДУИ се единствените кои сеат поделби помеѓу граѓаните и подгреваат конфликти. Кога ДУИ и СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе има проблем со Албанците, тие всушност велат дека ќе има проблем со нивните криминални тендери.СДСМ и ДУИ не можат да прифатат дека нивното време поминува, и дека завршува времето на здружено ограбување на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и ДУИ единствено се плашат дека нема да можат да продолжат да крадат по 31 октомври, затоа е болката голема кај Заев.
Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше со Филипче да лупаат провизии на вакцини, немаше Шилегов да мести тендери за дупло поскап асфалт, противпожарни скали итн. Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше да мести тендери.
Заев само потпалува конфликти. Но тоа нема да го спаси, ниту со криминалот ќе може да продолжи, ниту ќе избега од одговорност.