Глумата и лицемерието на Филипче треба да престанат

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека глумата и лицемерието на Филипче мора да престанат и дека тој заедно со својот ментор Заев треба да бидат заборавени во македонската политичка историја. Партијата ја осудува нивната забава на скапа јахта на Егејското море, каде што Филипче и Заев се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ова можело да остане незабележано само доколку двајцата биле чесни луѓе.

„Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата? Да се има јахта, исто така не е грев. Но, грев е доколку таа јахта сте ја купиле со парите од граѓаните, кои ги прелажавте и уништувавте години наназад. Ги оставивте да живеат со 150 денари на ден, а тие – Филипче и Заев, правеа провизии и договори во 4 очи, и се богатеа на грбот на народот. Филипче кој е привезок и послушник на политиките на Заев, треба јасно да каже од каде се парите за скапата јахта? Дали случајно и тие се подарок од фирми кои добивале тендери кога овој криминален тандем составен од Филипче и Заев беше власт? Лицемерието на Филипче треба да престане. Тој заедно со неговиот ментор Заев, треба да бидат заборавени во македонската политичка историја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.