ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за жртвата, прерано загубениот живот на 24 годишна девојка, во вчерашната сообраќајка на булеварот Партизански одреди.
-Ова не е првпат во последните неколку години луѓе да ги губат животите на улиците и патиштата, и секогаш притоа одговорноста изостанува.
И после 24 часа од МВР молк. Спасовски се фали со некакви бројки за намален број на сообраќајни несреќи, а во исто време штанцаат афери.
Криминалци прават сообраќајки и се на слобода. Власта испраќа порака на неказнивост и го стимулира хаосот на улиците.
Апелираме до МВР и Спасовски да го расчистат случајот во најкраток можен рок, но и да ги зголемат контролите на улиците и патиштата.
Во исто време го повикуваме Спасовски да преземе одговорност. Тој е 6 години министер за внатрешни работи, а безбедноста од година во година е се полоша.
Спасовски е неспособен да менаџира со МВР, и хаосот во државата, неказнивоста на криминалот и страдањето на граѓаните е поради неговата неспособност, стои во нивното соопштение до јавноста.