-ВМРО-ДПМНЕ не е организатор, но целосно го поддржува протестот за неправедно осудените лица за 27-ми април, ќе го поддржиме и ќе присуствуваме на истиот на 25-ти април. Би сакал да потенцирам дека сме единствена политичка партија којашто бара целиот случај да се врати повторно од почеток, како и целата постапка да се врати целосно од почеток, бидејќи сметаме и стоиме на ставот дека тоа се неправедно осудени лица коишто не се терористи, тие се невини и нивното место не е во затвор, одговори Ѓорѓиевски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи протестот за неправедно осудените лица за 27 април
В
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и ќе присуствува на протестот за неправедно осудените лица за 27 април, изјави Орце Ѓоргиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.