Под слоганот „Протест за промени“, ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни излегува на протест. Ваква одлука донесе Извршниот комитет на партијата на вчерашниот состанок.
Во меѓувреме, партијата продолжува со активната блокада на Собранието, а како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ дополнително се видело отсуството на демократски капацитет на Владата. Оставаат и отворен простор за дополнителни чекори во периодот што следи.
-1.Поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани. Истовремено владините мерки за помош на приватниот бизнис сектор и загрозените категории на граѓани беа нецелосни и доведоа до уништување на голем број компании.
2.Не беа понудени навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека е повеќе од евидентна.
3.Владата не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.
4.Јавниот долг на државата се зголеми енормно.
5.Странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.
6.Користењето на средствата за капитални инвестиции се на многу ниско ниво.
7.Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.
8.Функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.
9.Реформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој.
10.Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.
11.За Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија се уште нема никаков вид на одговорност, изјави вчера по завршување на состанокот членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.
Посочи дека повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие, како што рече, исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата.
-Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија. Молкот не е опција! Протест за промени и подобар живот! ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ! Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава. Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор. Повторувам, молкот не е опција! Протест за промени и подобар живот! ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ!, рече Муцунски.
Доколку нема почеток на преговори со Европската Унија во месец јуни, тогаш оваа Влада го губи целосниот кредибилитет и во октомври ќе се оди на избори изјави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
-Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба да го реализира, и доколку во јуни ние не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече тој.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера истакна дека доколку нема почеток на преговори со Европската Унија во месец јуни, тогаш оваа Влада го губи целосниот кредибилитет и во октомври ќе се оди на избори.
-Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба да го реализира, и доколку во јуни ние не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече тој.