Насилието во Арачиново е последица на штитењето на криминалот од страна на МВР, одговорност ќе има и за криминалците и за тие кои ги штитат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оливер Спасовски го урниса дигнитетот на полицијата и ги понижи сите вработени. Ставајќи се во служба на мафијата Спасовски и луѓето околу го штитат криминалот наместо да го санкционираат. ВМРО-ДПМНЕ ги знае насилниците од Арачиново, знае кои се, што прават, и каде се движат. За сите нив ќе има одговорност по промената на власта, а одговорност ќе има и за нивните заштитници во МВР. Народот заслужува правна држава, каде функционираат законите, а не мафијашка држава, каде е главна мафијата, велат од партијата.
Од таму додаваат дека нарушениот безбедносен систем е уште една причина зошто треба да има предвремени парламентарни избори. Спасовски и СДС се во сојуз со мафијата, тие се нивни слуги, и не може да има ред додека е СДС на власт.