Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега, се наведуива во партиското соопштение.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.

Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ ПРЕДЛАГАМЕ:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето.