ВМРО-ДПМНЕ категорично ја отфрли можноста за било каква промена на државната химна, нагласувајќи дека ниту во минатото било разговарано за ова прашање, ниту пак во иднина ќе се отвори таква дебата.
-
„Граѓаните може да бидат спокојни. Ниту било разговарано за промена на химната, ниту ќе се разговара во иднина. Времето на ДУИ и СДС со нивната политика на губење и порази, зад која стои обидот да се затскрие криминалот, помина,“ истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Критика кон политиките на ДУИ и СДС
Партијата остро ја критикува ДУИ за, како што велат, „етнизирање на сите важни прашања“, како и СДСМ за „пинг-понг политиката“, повикувајќи ги да прекинат со ваквата практика.
-
„ДУИ и нивната матрица на етнизирање на сите клучни прашања мора да запре. СДС, со својата политика на постојано одложување и префрлање на одговорноста, продолжува да прави штета, но тоа повеќе нема да поминува,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Јасен став за иднината
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека државните симболи остануваат непроменети и дека секој обид за вештачко наметнување на оваа тема е дел од политичките игри на опозицијата.
-
„Оваа власт работи за граѓаните и нема да дозволи дестабилизација преку теми кои никогаш не биле на дневен ред,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека државните интереси се над сè.