Претходната власт предводена од СДС и ДУИ го уништи здравството. Здравствените лица и пациентите се уништуваа додека СДС и ДУИ се грижеа за профит и местење тендери во здравството, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Контролите направени од надлежните институции, меѓу кои и Фондот за здравство покажуваат низа на неправилности во работата на јавните здравствени институции. Контролите покажуваат дека при набавка на лекови кои не се на листа на лекови на ФЗО, а за кои треба согласност од министерот здравство, јавните здравствени установи не ја имале согласноста од Министерството за здравство. Тоа било случај во Здравствен дом, Гостивар; Здравствен дом, Струга; следните клиники во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за психијатрија, како и Клиничката болница, Тетово; Општата болница, Струга; Општата болница, Струмица и Општата болница со проширена дејност, Дебар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека контролите покажуваат злоупотреби и во делот на дежурства.

-Истите покажуваат случаи во јавни здравствени установи каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство неосновано. Вакви неправилности имало на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, Клиниката за нефрологија во Скопје, Клиниката за психијатрија во Скопје, како и во Општата болница во Струмица. СДС и ДУИ и во здравството се однесувале расипнички, не воделе грижа ниту за медицински персонал, ниту за пациенти, ниту домаќински се однесувале со средствата со кои располагаат. Одговорност ќе има за секое незаконско работење. За секоја злоупотреба, несоодветно трошење на парите на Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.