СДС под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави како да се дел од политичкиот живот на тие држави.
Филипче и СДС отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДС и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл.
Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја доведоа до околу 130 илјади гласа, Филипче и ова раководство, се радуваат на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е член на Европската народна партија, односно ЕПП каде што е членува и ВМРО-ДПМНЕ.
За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти освои само 1,18% од гласовите, што е нешто слично со рејтингот кој партијата го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Филипче.
Некогаш релевантна и кредибилна партија СДС, Филипче заедно со неговиот ментор Заев, ја доведоа во ситуација со секој изминат ден се повеќе да тоне во жива кал од која не знаат како да се извлечат.
Па така, изгубени во просторот, без никаква воздржаност, СДС и Филипче го слават историскиот пораз на нивната сестринска партија.
Ова е уште една потврда дека СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од аболираниот криминалец Зоран Заев, кој ги доведоа до ова ниво, тие, не само што го величаат, туку продолжуваат по неговите стапки.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на билатералната соработка со пријателска Унгарија и очекува таа соработка на државно ниво да продолжи да се развива и продлабочува, и воедно му ја честита изборната победа на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
