Оттаму посочуваат дека Заев и Лукаревска знаат дека на изборите во октомври губат, но го храбрат членството да не падне во разочарување.
– СДСМ не понуди ништо ново. Само стари и истрошени кадри, кои се заштитници на криминалот. Со Заев на чело на СДСМ и не може да се очекува ништо друго освен криминални ликови, со Заев на чело на СДСМ никој изграден кадар нема да се нафати да биде кандидат на партијата позната по бизнисите со марихуана, додаваат од партијата.
Од партијата порачуваат дека октомври доаѓа, реалноста допрва ќе ги удри во глава СДСМ. Време е за Македонија за сите луѓе!