Од партијата посочуваат дека СДСМ ќе ја задолжи државата, а со тоа и идните генерации, но при тоа ништо конкретно не гради.
-Оваа влада на СДСМ ќе остане запаметена дека не направила ниту еден капитален проект. Наместо инвестиции, тие со ребалансот на буџет кратат пари од образование и екологија. Никој не знае каде ќе се трошат овие 200 милиони евра за кои ќе не задолжат, исто како што никој не знае каде завршија пола милијарда евра од ветените 850 милиони евра помош за стопанството и граѓаните. СДСМ троши стотици милиони евра народни пари, а ефект нема. Ништо не е изградено, нити направено. Парите одат само на изборен поткуп и во џебовите на власта. Време е расипништвото да запре. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението на партијата.