Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шамари од страна на бугарски политичари. И покрај потпишаниот Протокол, кои од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања. За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската унија не приморува на истото.

Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага, за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт. Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ. ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување на Референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики, додаваат од таму.