Петре Шилегов не може да се справи со дожд, а не пак да реши проблеми на скопјани, денеска Скопје е хаос. Шилегов не треба да биде фараон, доволно е да биде градоначалник, кој ќе се справи со 10 литри дожд на метар квадратен, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Скопје со Шилегов е поплавено од обичен дожд, како ли би изгледало од посилно невреме? Ако не крадеше милиони за противпожарни скали, ќе имаше и за решавање на атмосферската канализација. 4 години нема направено ништо суштински. Нема еден проект. 4 години власт на Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е, посочија од партијата.