Што правеше Шилегов четири години и зошто не ги заштити Водно и Матка, или тогаш немаше избори? Поминаа четири години, ниту еден проект кој го вети Шилегов не е реализиран. Шилегов не смее ниту да ги погледне, а не пак да ги руши дивоградбите на Матка. Шилегов глуми мачо пред камери, а пред градежната мафија е маче.Нема ниту воздух, ниту чиста животна средина. Има само мафија и интерес и за Шилегов и за Заев – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Според нив Скопје организирано се труе со амин на власта со отровен мазут, и дозвола од Царинска управа до Министерство за економија.

Скопје се гуши. Скопје е загадено. Шилегов ништо не прави за тоа, но затоа троши милиони на набавки кои Загреб и други градови ги плаќаат дупло помалку. Шилегов и сите во СДСМ се прочитани, за личен интерес и профит и здравјето на сопствените деца ќе го загрозат – наведено е во партиското соопштение.