И онака тенкото парламентарно мнозинство и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не прави кворум го прават парламентот нефункционален..

Во една пратеничка група, според собранискиот деловник, може да има најмалку пет пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ пред четири години ја искористи оваа можност да формира десет пратенички групи.

-Целокупниот однос на владејачкото мнозинство во Собранието и злоупотребата и различното толкување на деловникот не тера да размислуваме на сите можности. Законот кој би требало да дојде во Собранието за дигиталните учебници е едно, но да потсетам дека во Собранието имаше обид да помине и Законот за разузнавање со европско знаменце кој што нема никаква допирна точка со европското законодавство, вели за Радио Слободна Европа координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Според собранискиот деловник, секоја пратеничка група може да бара пауза од еден час дневно. Тоа значи дека осум координатори би добиле по еден час пауза. Потоа на координација кај собранискиот претседател би оделе сите осум, а ќе добијат и повеќе време за говорење.