Со СДС се живее се полошо, просечната плата се намали за 500 денари, а синдикалната кошничка се зголеми за 1500 денари. Државниот Завод за статистика утврди намалување на просечната плата во јануари, споредено со декември. Просечната плата во јануари изнесува 39.542 денари, и е за 456 денари помалку споредено со декември, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– И додека платите се намалуваат, растат трошоците за живот. Според податоците кои ги објави ССМ синдикалната кошничка е за 1500 денари поскапа во март во однос на февруари. За граѓаните да преживеат потребни се 1500 денари повеќе од овој месец, а во исто време имаат помали плати во просек за 500 денари. Како мисли власта дека народот живее? Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – тврдат од партијата.