Доколку следната недела се одржат избори, убедлива победа ќе однесе партијата предводена од политичарот со најголем рејтинг, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, покажува телефонската анекта спроведена меѓу 5 и 9 ноември 2023 година за потребите на Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје.
Во истражувањето во кое граѓаните ги изразуваат ставови за својата поддршка за политичките партии и политичари, поддршка на опозициската партија ѝ даваат 19,5% од испитаниците, додека 12,6% сметаат дека СДСМ и понатаму треба да ја води државата.
Истражувањето реализирано на репрезентативен примерок од 1050 испитаници покажува и дека највисок рејтинг меѓу политичарите има Христијан Мицкоски. Во политиките што ги спроведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излез од ситуацијата во која се наоѓаме гледаат 16,9% од испитаниците или речиси двојно повеќе одошто му веруваат на актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. За Ковачевски се изјасниле само 9,1% од испитаниците.
Интересно е дека неговиот претходник, Зоран Заев, на оваа анкета има пониска доверба и од Стево Пендаровски. На Заев се уште му веруваат 1,5% од испитаниците, додека за Пендаровски во оваа анекта се изјасниле рекордни 6,1% испитаници, што претставува можеби највисок рејтинг во претседателската кариера на овој политичар.