– Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата. Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР. Спасовски да не се крие и да излезе со одговори. Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор, истакнуваат, меѓу другото, од опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не се крие, никој не верува дека дрогата стоела во возилото на МВР 5 години
В
Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано. На Спасовски не му поминуваат лагите. Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.