Учениците, сметаат оттаму, дека станале заложници на бизнис интересите на Мила Царовска.
Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам. Арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните. Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа, стои во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка!