Од партијата вела дека обвинителството на Рускоска и Јовевски ги работело и ги работи истите постапки како и СЈО на Катица Јаневаи дека личниот интерес на Заев, политичките интереси на СДСМ и бизнис потребите на елитата на власт е единствениот приоритет по кој работеле и Катица и Вилма.

– Јавното сведоштво на еден од учесниците во сите овие средби е доволен доказ и за оставки на Рускоска и Јовевски и за сериозни кривични истражни постапки на независни и непартиски обвинители кои не се во приватното друштво на кланот на Заеви, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.