Ако се земе предвид дека досега долгот достигна историски највисоки 7,2 милијарди евра, а прогнозите се дека тој ќе порасне до 8,5 милијарди евра во 2022 година, тогаш тоа значи дека само за година дена од сега власта планира да го искачи долгот за над една милијарда евра.
Ова покажува дека економијата во Македонија е во катастрофална состојба, ништо не функционира, нема странски инвестиции, туку социјалниот мир се купува скапо со нови задолжувања.
Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години во кои народот се осиромашува, а власта се богати и краде. Да го спречиме осиромашувањето на народот и Македонија, оваа власт на Заев мора да биде поразена. Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и уништување на македонската економија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.