– До кога Зоран Заев ќе се однесува како вчера да дошол на власт? Народот памети дека кога доаѓаше на власт ветуваше чист воздух, ајро и здрава животна средина. Ништо не направи Ветуваше целосна гасификација на Македонија, ништо не направи Ветуваше 30% поевтина струја за домаќинствата, реалноста е дека сега граѓаните плаќаат најмалку 20% поскапа струја откако Заев е на власт. Од зелена политика Заев наметнува само зелени такси на горивата и зелен данок кој ќе ги исцедува и онака осиромашените граѓани, а парите ќе завршуваат во џебовите на функционерите од власта. Со парите на граѓаните се исплаќаат бизнис интересите на Вице во РЕК Битола, капацитет кој од ден во ден пропаѓа, или за финансирање на обука на магариња, фризерски сало или печатници преку Фондот за иновации, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Новите верувања на Заев се истите кули и градови кои ги ветуваше и досега. И новите исполнувања ќе бидат исти како старите, никакви, додаваат од таму.