Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека пратечки возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп.
-Дали е уапсен шоферот на Трајче Заев токму во оваа акција? Дали во фирмата „Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев? Фирма со име „Медикал 420БГ лтд” од овие двајца беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.