Точно 24 часа по траорната несреќа во Тетово. Дваесет и четири часа како Зоран Заев нема излезено со детали и објаснување за огромната трагедија кои зави десетина семејства во црно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Заев кој се сликаше за промоција на селска чешма денес го нема со објаснување за ужасот во Тетово.
– Заев и Филипче треба да си поднесат оставки за да може да се спроведе независна истрага, без тие да имаат можност да влијаат врз истата, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.