Последниот ваков случај го доживеал и 33 годишен скопјанец кој вчера сакајќи да подигне пари од банкомат на истиот му пишувало дека не може да се подигне сума , бидејќи веќе е направена трансакција од 30 илјади денари.
Тој во изјава за КУРИР вели дека веднаш заминал во банката каде преку неа дознал дека е цел на хакерска измама.
-Во банката ми кажаа дека во неделата од банкомат во Штип од мојата картичка биле подигнати 30 илјади денари иако јас сум од Скопје и за време на викендот бев дома, ниту ја имав дадено на некого мојата картичка која ми е во паричникот. Од службите таму ми кажаа дека не си единствен и дека парите целосно ќе ми бидат вратени во наредните неколку дена, раскажува тој за агонијата која ја поминал.
Ова младо момче додава дека денеска од банката му потенцирале дека не е единствениот кој овој викенд бил мета на хакерски напад и преку неговата картичка да изнудат поголема сума на пари.
-Истото им се случило на поголем број на македонски граѓани, но од банката не сакаа да ми ја откријат бројката, вели тој.
Додава дека за овој случај треба да се информираат сите граѓани се со цел да внимаваат на честите измами особено во денешно време кога има експанзија на хакери и вакви напади.
Засега нема информации дали случајот е пријавен во МВР и дали тие работат на расчистување на истиот.