Поради поплавите што ја зафатија Белгија оваа недела и кои до сега однесоа најмалку 23 животи, Владата прогласи ден на жалост на 20 јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го најави денеска Владата на вонредна прес-конференција.

Дваесетти јули е денот пред националниот празник на Белгија, која на 21 јули секоја година го одбележува своето постоење како независна држава, со паради и присуство на кралската фамилија.

Комеморациите оваа година ќе бидат сведени на минимум, најави Владата, и ќе се одвиваат под знакот на сеќавање на жртвите од поплавите.