Нема причина Белград и местата во кои ќе има над 50 отсто вакцинирани до 21 јуни да не бидат отворени за концерти, свадби, конгреси, фестивали со почитување на протоколите и сите епидемиолошки мерки, вели заменик-градоначалникот на главниот град на Србија, Горан Весиќ.
Во Белград заклучно со вчера, 50,2 отсто од вкупната полнолетна популација е вакцинирана, односно 698.594 лица, а ревакцинирани се 43 отсто од вкупната полнолетна популација, односно 598.773 граѓани, додаде Горан Весиќ.